Над 200 милиони евра исплатени на штедачите на „Алта банка“ во Србија

by valentina 10:18
10:18

Банката „Поштанска штедионица“ до вчера во 20 часот исплатила 200,44 милиони евра во динарска противвредност на штедачите на банкротираната „Алта банка“, што претставува 58,94 проценти од вкупниот износ на осигурени депозити предвидени за исплата, соопштија од БПШ.

Средствата за обесштетување се обезбедени од Агенцијата за осигурување на депозити, а од банката преку Инстаграм информираа дека ги зајакнуваат капацитетите со ангажирање мобилни филијали и дополнително распоредување вработени согласно потребите на клиентите.

Поради тоа што во филијалата во Лучани термините за исплата биле пополнети до 15 декември, таму е ангажирана мобилна филијала која опслужува дополнителни 36 до 40 клиенти дневно, а чие првично петдневно присуство може да биде продолжено во зависност од интересот.

Покрај во Лучани, мобилна филијала е испратена и во Сомбор, при што од банката посочуваат дека воведениот систем за закажување овозможува навремено планирање на исплатите, следење на оптоварувањето по локации и соодветно распоредување на ресурсите.

Слични вести