1625

by bogdan 19:47
19:47

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

„БЕТОНИЗАЦИЈА“
Градежниците велат дека ги иритира терминот „бетонизација“, тврдејќи дека едноставно градат според урбанистички планови кои не ги носат тие, туку постапката ја водат телата за урбанизам, додека крајниот збор го имаат општинските совети.

„БЛАГИ“ КАЗНИ ЗА НАСИЛНИТЕ МАЖИ
Според статистиката од Кривичниот суд, за правосилни пресуди поврзани со семејно насилство за 2026 година, заклучно со ноември, биле донесени вкупно 85 правосилни пресуди, од кој најголемиот дел, или 50 %, завршиле со условни казни, а 28% со затворски казни.

МЕДИЦИНСКИ ОТПАД
Лиценцата на компанијата за транспорт на медицински отпад истекува на 2 ноември 2026 година, што значи дека тие во моментов не можат да транспортираат токсичен отпад од болниците со кои во последната година имаат склучено договори

ПИОМ
Со измените на законите, префрлањето на придонесите кон приватните пензиски фондови, наместо преку ПИОМ, ќе се врши директно преку УЈП. Промената доаѓа во период кога зависноста на ПИОМ од државниот буџет расте.

ГЛОБАЛНА КРИЗА
Од аферата Nvidia и кинеската шпионажа, преку падот на технолошките гиганти, до златото кое престана да биде сигурно засолниште – светската економија влегува во период на сериозно преиспитување на вредноста на капиталот.

ПОЛИТИЧКИ МИНСКИ ПОЛИЊА
Политичарите мораат на некои полиња или да газат како по јајца или ќе завршат со искубани пердуви. Политичките мини пукаат на секој чекор, па за да се спречи тоа, мора да се соработува со бившата власт која има мапа на минското поле.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Размислувам за „нашиот човек“ во Вашингтон – Лоренс Иглбергер кој како млад секретар во американската амбасад во Белград, во 1963 година, ја организирал помошта за разурнатиот град по земјотресот. Тогаш го добил прекарот – Лоренс од Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тури ѝ пепел на ваква партизирана држава. Не за џабе покојниот Никола Младенов, во многу пригоди, луцидно потсетуваше: „Кој нема во својата глава, има во својата партија“!

Ана ПАНОВСКА
Имавме одлични предуслови. Ама кога како народ му дозволивме на ВМРО-ДПМНЕ да го грабне барјакот, да го води и да го труе народот со подгреани, бајати приказни за славното комитско минато, за жална Македонија, земјава ја доведе до вистинско жалење и до потсмев.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
А пари за сите овие години „независност“ нема да нема, и покрај тоа што буџетите на државата и општините (како и нивните долгови и кредити) се десеткратно зголемени. Прашање е каде и зошто се потрошени?

Росана ГОШЕВА
Многу често слушаме предрасуди за денешната младина, но таа не е виновна во целост. Нихилизмот, апатијата, деликвенција и ерозијата на социјалните односи се директен продукт на уривањето на квалитетот на младинскиот живот.