На социјалните мрежи се појавија првите снимки од местото на пукањето во Првото техничко училиште во Крагуевац, каде што утринава беа повредени две лица.
View this post on Instagram
Пред училиштето има голем број полициски службеници, а на лице место се наоѓаат и полициски возила.
Пристапот до училиштето е оневозможен, а на влезот е поставена полициска лента.
View this post on Instagram
Полицијата уапси седумнаесетгодишен ученик од ова училиште, под сомнение дека употребил пушка со мал калибар во училишните простории.
Едно лице најверојатно е повредено од огнено оружје, додека другото се здобило со повреди од скршено стакло, соопшти Министерството за внатрешни работи (МУП).
Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац, изјави дека ученик од четврта година повреди хигиеничарка во училиштето, чиј живот не е загрозен.
„Благодарение на брзата реакција на полицијата, ученикот е уапсен. Сè уште ја следиме ситуацијата и ќе сториме сè што е во наша моќ за наставата што поскоро да се нормализира“, рече Јоксимовиќ и додаде дека учениците безбедно ја напуштиле зградата.