„Син ми е нападнат во парк“ – мајка од Скопје се јавила во полиција

by jadranka 18:56
18:56

Малолетник бил физички нападнат од негов врсник во парк во скопската општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот во СВР Скопје вчера во 11:45 часот го пријавила 36-годишната скопјанка М.В., мајка на нападнатото момче.

Според пријавеното, нападот се случил на 21 ноември околу 21:00 часот, кога нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник кого го познавал, а кој на местото дошол заедно со група малолетници.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести