Само еден час по соопштението на Nvidia дека бордот на директори едногласно одлучил Џенсен Хуанг да се врати на чело на компанијата, цената на нејзините акции на отворањето на тргувањето на Насдак индексот скокна за 30 проценти.
Во истиот период, целокупната вредност на компанијата се зголеми за еден трилион долари. Највисоката вредност на Nvidia беше забележана на почетокот на октомври, кога компанијата беше вреднувана на 5,8 трилиони долари, во моментов нејзината вредност изнесува 3,8 трилиони долари.
Овој драматичен пад само потврдува какво сериозно влијание врз компанијата имаше целата оваа афера со нејзиниот извршен директор.
Nvidia се обиде да продолжи без Хунаг, но, ниту пазарите, ниту останатите технолошки гиганти, а најмалку од сите нив политичарите не можеа да се помират со можноста тој повеќе да не ја предводи.
Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на Truth Social ѝ честиташе на компанијата за правилната одлука само секунди по нејзиното соопштение, што посочува дека тој уште претходно бил известен за неа.
Подоцна, за време на интервју за CNBC, враќањето на Џенесен Хуанг на чело на Nvidia, Трамп го оцени како многу возбудлива вест. Американскиот претседател додаде дека тој и неговата администрациај повеќе пати разговарале со бордот на компанијата, потенцирајќи дека неговите членови се покажале како многу разумни луѓе.