1
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Н.(35) од с. Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
Како што информираат од МВР, на 15. овој месец во дворот на А.Н. во с. Чегране, по претходна расправија и физичка пресметка, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на А.Н..