Уапсен е 39 годишен кумановец – крадел пари и предмети од фирми во градот

by irena 10:43
10:43

Кумановец (39) бил уапсен синоќа под сомнение дека викендов крадел предмети од деловни објекти во градот.

– На 17.11.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.С.(39) од Куманово – информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека изминатиот викенд на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово со употреба на сила влегол во деловни објекти и одземал предмети и пари.

– С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава – велат од МВР.

Слични вести