1
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран ќе плати висока цена доколку го нападне Вашингтон.
„Ако се случи тоа, тие ќе платат цена каква што ниту една земја досега нема платено“, им рече Трамп на новинарите во Манила, каде што пристигна денеска.
Си-Ен-Ен претходно објави дека нови разузнавачки податоци на САД укажуваат оти Иран подготвува планови за напад врз високи претставници на администрацијата на Трамп, преку активирање на таканаречена „валкана бомба“ или хемиско оружје во Вашингтон.