Се бара притвор за битолчанецот кој побегна од полициска станица, па сам се пријави во МВР

by irena 10:14
10:14

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 10 ноември во неговиот дом, телесно ја повредил неговата девојка.

По расправија започнал да ја дави и со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, особено имајќи го предвид фактот дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица.

Ова, според јавниот обвинител, укажува на неговата решеност да го избегне кривичниот прогон, што претставува ризик за непречено водење на постапката.

Инаку, на 10.11.2026 година во 23 часот и 10 минути во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека околу 17 часот била физички нападната од нејзиниот партнер К.У. Според пријавеното, тој подолг временски период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.

Во моментот на пријавувањето, во СВР Битола доброволно дошол и пријавениот К.У. заедно со негов родител.

При преземањето службени дејствија од страна на полициските службеници, со намера да биде лишен од слобода, лицето преку отворен прозорец избегало од просторијата за развод.

Слични вести