(ВИДЕО) Кравите шетаат и во училишниот двор на средното училиште во Крива Паланка

by valentina 07:52
07:52

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави ново видео од кравите „шетачи“ кои неконтролирано се движат низ градот. Овој пат кравите се прошетаа во дворот на средното училиште СОУ „Ѓорче Петров“.

-Кравите слободно шетаат во нашето средно училиште. Погледнете го видеото! Зарем некој се уште мисли дека ова не ја загрозува безбедноста на нашите ученици граѓаните? Ако ни ова не е доволна причина да се прогласи кризна состојба и да се мобилизираат сите расположливи ресурси и капацитети, што уште треба да се случи?

Кризниот штаб на Крива Паланка уште пред две недели побара од Владата да прогласи кризна состојба, бидејќи градот е окупиран од околу 1.000 крави, но од Владата се уште нема одговор.

Слични вести