Сава пензиско друштво во чекор со европските стандарди Доверба изградена преку резултати

by irena 20:00
20:00

Со најновото признание „Највисоко бонитетно достигнување во Македонија 2022-2025“, како и со досегашните награди освоени на IPE Awards – престижниот европски избор за најдобрите пензиски фондови и пензиски друштва, Сава пензиско друштво континуирано ја потврдува својата успешност, професионалност и посветеност кон членовите и развојот на пензискиот систем.

Во време кога пензиските системи ширум Европа се соочуваат со нови предизвици и очекувања, Сава пензиско друштво продолжува да ја гради својата позиција како институција, која создава долгорочна вредност за членовите и придонесува кон развојот на пензискиот систем во државата.

Потврда за тоа се признанијата добиени во изминатиот период, како на национално, така и на меѓународно ниво, кои сведочат за финансиската стабилност, квалитетот на управувањето и способноста за следење на најдобрите европски практики.

Европско признание во конкуренција со најдобрите

Сава пензиско друштво меѓу водечките пензиски институции во Европа

Најзначајните меѓународни признанија за Сава пензиско друштво се освоени на престижните IPE Awards (Investment & Pensions Europe), кои се сметаат за најрелевантни награди во европската пензиска индустрија. Имено, во 2014 година, Друштвото беше прогласено за „Најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа“, а во 2015 година ја освои наградата „Best Sovereign Reserve Fund in Europe“. Успешната приказна продолжи со европската победа во категоријата „Small Pension Fund“ во 2023 година, наменета за пензиски друштва со средства под управување до 1 милијарда евра.

Наградата во 2023 година беше доделена врз основа на севкупното работење на Друштвото, квалитетот на услугите кон членовите, дигитализацијата, комуникацијата, корпоративното управување и инвестицискиот пристап, претставувајќи уште една потврда за високите стандарди на работење и професионалното управување со пензиските заштеди на членовите.

Континуитетот на меѓународните успеси се потврдува и преку редовните пласмани на Сава пензиско друштво меѓу најдобрите европски пензиски институции на IPE Awards. Во различни години, Друштвото влегуваше во најтесниот избор (shortlisted / highly commended) во категориите „Central & Eastern Europe“, „DC & Hybrid Strategies“, „Equities“, „Portfolio Construction and Diversification“ и „Active Management.

Овие категории традиционално се доминирани од најголемите европски пензиски фондови и институционални инвеститори, кои управуваат со десетици, а во многу случаи и стотици милијарди евра средства. Токму затоа, фактот што Сава пензиско друштво од македонскиот пазар се најде во финалните избори и рамо до рамо со водечките европски институции претставува исклучително признание за стручноста, професионалноста и квалитетот на нејзиното работење.

Уште повпечатливо е што Друштвото беше оценувано според истите критериуми како некои од најголемите пензиски фондови во Европа, и покрај тоа што управува со значително помал обем средства. Тоа покажува дека големината сама по себе не е гаранција за квалитет, туку дека знаењето, визијата и посветеноста кон членовите можат да создадат резултати препознаени и на највисоко европско ниво.

Национално признание за финансиска стабилност и деловна извонредност

Највисоко бонитетно достигнување во Македонија

 Покрај континуитетот на меѓународни успеси, Сава пензиско друштво годинава го доби и признанието „Највисоко бонитетно достигнување во Македонија 2022-2025“, доделено во рамки на манифестацијата „Бизнис Лидер“.

Ова признание е потврда за континуираната финансиска стабилност, деловна сигурност, корпоративна одговорност и долгорочна успешност на Друштвото. Истовремено, тоа ја потврдува довербата што членовите и јавноста ја имаат во институцијата која управува со нивните пензиски заштеди.

Ваквите признанија имаат особена тежина бидејќи не се засноваат на поединечен проект или краткорочен успех, туку на континуитет на резултати, одговорно управување и способност за создавање одржлива вредност во подолг временски период.

Во што е силата на Сава пензиско друштво?

Нашата најголема вредност се луѓето. Душата на Друштвото се сите претходни и сегашни вработени.

Силата на Сава пензиско друштво се темели на јасна визија, континуирано унапредување на услугите и посветеност кон потребите на членовите. Следејќи ги стратешките приоритети на Сава Групацијата – клиентот во центарот, дигитализацијата и одржливиот развој – Друштвото постојано инвестира во нови решенија, модернизација на процесите и развој на своите услуги.

Дигитализацијата претставува важен двигател на овој развој. Континуирано работиме на подобрување на процесите, примена на современи технологии и градење нови знаења, вклучително и во областа на вештачката интелигенција. Нашата цел е едноставна: да создадеме подобро искуство, поголема достапност и уште поквалитетни услуги за нашите членови.

Личен пензиски советник

Но, технологијата сама по себе не создава доверба. Таа е алатка, која им помага на луѓето да бидат поефикасни, побрзи и подобри во она што го прават. Затоа го поддржуваме понатаму и директниот, личен контакт. Воведовме Личен пензиски советник за секој наш член. Личен пензиски советник е услуга преку која го доближуваме пензиското осигурување до секој член на индивидуален и разбирлив начин. Веруваме дека планирањето на пензиската иднина не треба да биде сложен процес, туку искуство во кое секој има доверлив соговорник и стручна поддршка. Затоа, нашите лични пензиски советници, со согласност на членот, обезбедуваат информации за функционирањето на пензискиот систем, редовноста на уплатите, приносите и надоместоците, помагаат при ажурирање на личните податоци и го олеснуваат користењето на електронските услуги. На овој начин градиме поголема информираност, доверба и чувство на сигурност, затоа што веруваме дека иднината заслужува лична грижа.

Затоа, најголемата сила на Сава пензиско друштво се луѓето. Професионалноста, знаењето, посветеноста и одговорноста на нашите вработени се темелот врз кој се гради секој успех на Друштвото. Зад секоја иновација, секое подобрување и секое признание стои тим кој секојдневно работи со јасна цел – да ја оправда довербата на членовите и да придонесе кон развојот на пензискиот систем.

Посебно внимание посветуваме на добросостојбата и развојот на вработените, бидејќи веруваме дека задоволни, мотивирани и професионално исполнети луѓе создаваат најголема вредност за клиентите, компанијата и заедницата.

Наградите и признанијата што Сава пензиско друштво ги добива на национално и меѓународно ниво се потврда дека сме на вистинскиот пат. Но, уште повеќе, тие се признание за трудот, знаењето и посветеноста на генерации вработени кои низ годините ја граделе и ја јакнеле позицијата на Друштвото. Затоа секоја награда ја доживуваме како заеднички успех на сите кои биле и кои се дел од оваа приказна.

Бидејќи нашата вистинска конкурентска предност не е технологијата што ја користиме, туку луѓето кои со своето знаење, интегритет и грижа за членовите ја претвораат технологијата во вредност.

Сава пензиско и следната развојна етапа на пензискиот систем

Повеќе избор, подобра усогласеност со животниот циклус на членот

 Своите капацитети, искуството и стручноста, Сава пензиско друштво во континуитет ги става на располагање како поддршка на понатамошниот развој на пензискиот систем.

Имено, паралелно со растот на пензиските фондови, се отвора и потребата од понатамошна модернизација на регулаторната рамка.

Една од најзначајните предложени измени е воведувањето на мултифондови, односно т.н. life-cycle модел на инвестирање. Овој пристап овозможува инвестициската стратегија да биде подобро усогласена со возраста и профилот на членот.

Тоа значи дека помладите членови, кои имаат подолг инвестициски хоризонт до пензионирање, би можеле да бидат изложени на повисок потенцијал за долгорочен раст, додека за членовите кои се поблиску до пензионирање акцентот постепено би се пренесувал кон зачувување на акумулираните средства и намалување на ризикот.

Поголема флексибилност во инвестирањето

Предложените измени предвидуваат и дополнително усогласување на инвестициските правила со современите меѓународни практики преку олеснување на одредени инвестициски ограничувања.

Поголемата флексибилност би овозможила поширока географска и секторска диверзификација на инвестициите, подобро управување со ризиците и поефикасно искористување на можностите што ги нудат глобалните финансиски пазари.

Развојот на системот мора да го следи растот на средствата

По повеќе од две децении постоење, капитално финансираното пензиско осигурување располага со значително поголем обем средства, поголем број членови и сè поголемо значење за идните пензии на граѓаните.

Затоа, развојот на системот не треба да се гледа како еднократен процес, туку како континуирано усовршување. Регулативата, инвестициските можности и моделите на управување треба постојано да се следат и приспособуваат на растот на средствата под управување, на развојот на финансиските пазари и на потребите на членовите.

Само преку ваков пристап може да се обезбеди модерен, одржлив и конкурентен пензиски систем, кој ќе создава вредност и сигурност за сегашните и идните генерации осигуреници.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

 

Слични вести