1
Триесет и петгодишен маж е приведен во гостиварско село, откако по семејна расправија, според пријавата, со остар предмет го нападнал својот брат.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот бил пријавен на 15 ноември 2026 година, а во 18:10 часот полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода А. Н. (35).
Според пријавата, нападот се случил во дворот на семејната куќа. По целосно документирање на случајот, полицијата најавува соодветен поднесок.