Савески за претепаната девојка во Охрид: Обвинителот разговараше со жртвата, тој исказ е со голема доказна вредност

by valentina 12:23
12:23

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска одговори дека охридското обвинителство постапува за случајот со претепаната девојка, од својот партнер во Охрид, и дека веќе се врши и разговор со нападнатата девојка, која е задржана на болничко лекување.

-Во обвинителството во Охрид интензивно се работи на разоткривање на работата, свесни за тоа колку е од значење јавното обвинителство да покаже брзо и ефикасно постапување, свесни за опасноста на овој вид криминалитет и сите претходно случувања, кои што ги имавме. Ве уверувам дека јавното обвинителство ги превзема сите истражни дејствија се со цел да се расветли во целост овој случај и очекувам во текот на денот да бидам известен од надлежен јавен обвинител, дури и да донесе конечна јавна обвинителска одлука, рече Савески.

На прашањето зошто за овој случај на осомничениот насилник не му е изречена мерка притвор, туку мерка на претпазливост, и како се решава во вакви случаи зошто се оди со кривичното дело „тешка телесна повреда“, а не „обид за убиство“,  Савески посочи:

-Доколку би ви одговорил на вашето прашање и би утврдил соодветна правна квалификација тоа би се сведело на мое шпекулирање, бидејќи правната квалификација произлегува од сето она што ќе се собере од истражната постапка, односно сето она што ќе биде собрано како доказен материјал ќе биде ценето. Денеска сум известен од обвинителот дека се во контакт со жртвата. Тој исказ е многу суштествен, од него ќе ни произлезат многу докази кои што се со голема доказна вредност, истакна републичкиот јавен обвинител.

Слични вести