Без струја повеќе делови од Скопје

by irena 07:33
07:33

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште.

– Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Коста Новаковиќ лоцирани на потегот од ЗУР Маркет до крајот на слепата улица;

– Во периодот од 09.00 до 13.35 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Петровец, објектот на наплатна рампа Петровец, корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровце, објектите на Мак Петрол Миладиновци, М – Стеел и ЖТП Миладиновци;

– Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од Горно Соње – место викано Подбрег;

– Во периодот од 09.30 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од Долно Соње – место викано Димково Лозје.

Слични вести