1
МВР информира дека рано утринава во 00:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди од изгореници биле донесени 35-годишната Н.К. и 24-годишната А.А., двете од Скопје.
Според пријавеното, тие се здобиле со повредите за време на семејна прослава во куќа, сопственост на М.К., мајка на Н.К..
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.