На денешната седница на Советот ги потсетив советниците кои ги носеа ДУП-овите со кои се дозволија згради по 8 ката на Водно, без паркинг места, кажа градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„Го унаказивте Центар. Со детални планови, со Панорамики, со згради на Водно по 8 спрата без паркинг места. Го унаказивте во изминатите години додека бевте на власт во Општина Центар. Носевте по 30 ДУП-а во неколку месеци. Ги зголемувавте габаритите, градевте. Сега вие ќе зборувате за градење низ Општината, кој давал дозволи. Работата е завршена и закопани се работите кога се носеле деталните урбанистички планови. Кога се дадени одредени права кои многу тешко се менуваат“, кажа Герасимовски.
„Последиците од тие одлуки ги гледаме и денес“, додаде тој.