Утре без струја делови од четири скопски општини

by irena 19:00
19:00

Утре, 13 ноември 2026 година, се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации во Илинден, Кисела Вода, Гази Баба и Сопиште.

Во Илинден, од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе останат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери и на улицата „27“ во Илинден, поради замена на пет столбови.

Во Кисела Вода, од 08:30 до 16:30 часот, без напојување ќе бидат корисниците на улицата „Народни херои“ на броевите 19, 21 и 23, Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, како и корисниците на улицата „Архитект Никола Добровиќ“ на броевите 1 и 2. Прекинот е поради планиран зафат во електродистрибутивната мрежа.

Во Стајковци, општина Гази Баба, од 09:00 до 13:00 часот, потрошувачите ќе останат без електрична енергија поради поправка на 10-киловолтниот далековод и замена на изолатори.

Во Сопиште, од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улицата „22“.

Слични вести