Досегашниот тренер на ракометниот клуб Партизан од Белград, Шпанецот Раул Гонзалез, поднесе оставка, потврдија од клубот.
Заедно со него, клубот го напушти и левиот бек Милош Кос, кој потпиша договор со германскиот клуб Вецлар, пренесува „Моцарт спорт“.
„По денешната седница на Управниот одбор и оставката на претседателот Миљан Жугиќ, беа одржани состаноци со стручниот штаб и играчите, на кои се разговараше за претстојниот период, сè до формирањето на новиот Управен одбор. Тренерот, кој дојде на чело на клубот во текот на летото и го предводеше тимот во Лигата на шампионите, одлучи да го раскине договорот со ’црно-белите‘ во новонастанатата ситуација, па така, до крајот на сезоната, тимот ќе го предводи досегашниот помошник Марко Павловиќ“, соопштија од РК Партизан.
Од клубот му се заблагодарија на Гонзалез за досегашната соработка.
Шпанецот е и селектор на српската ракометна репрезентација.