Градоначалникот на Крива Паланка до Владата: Прогласете 30 дневна кризна состојба, бараме итно решение на проблемот со кравите

by valentina 17:45
17:45

Владата да прогласи кризна состојба во траење од 30 дена со цел трајно решававање на проблемот со неконтролираното движење на крупен добиток, побара на денешната прес конференција градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

До него беа и граѓани на Крива Паланка кои се соочуваат со непријатности, но и со штети од проблемот со кравите, кој неконтролирано талка низ градот и селата во рамките на општината.

-Заедно со граѓаните, од денешната прес-конференција упативме јасно барање: крај на голготата од неконтролираното движење на добитокот!

Овде стојат луѓе што заслужуваат безбедност, спокој и заштита на својот имот и труд.
Нивниот глас мора да биде слушнат.
Крива Паланка бара итно и трајно решение!, порача градоначалникот.

Тој порача дека ниту партиската припадност ниту нечии приватни интереси не смеат да бидат над законот и над правото на граѓаните да имаат нормален и пристоен живот.

„И затоа се обраќаме до Владата со едно единствено барање – прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги сите потребни ресурси и помогнете и на Крива Планка да стави крај на оваа долгогодишна агонија. Времето за толерација истече. Трпението на граѓаните е на крај. Тие не смеат повеќе да ја плаќаат цената на негрижата, немоќта на органите и да бидат оставени сами. Премногу време е изгубено. Крива Паланка затоа бара решение, сега и веднаш“, порача Митовски.

,,Фокус” уште во вторникот се обрати до Владата со прашање дали ќе прогласат кризна состојба во Крива Паланка, по заклучоците на општинскиот кризен штаб, но се уште немаме повратен одговор.

В.В.

Слични вести