Тешка автобуска несреќа во Франција – има повеќе настрадани

by irena 11:32
11:32

Во автобуска несреќа што се случи утрово во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, има повеќе настрадани лица, потврдија локалните власти, пренесува „Ројтерс“.

Засега има спротивставени информации за видот на автобусот. Министерот за образование Едуар Жефре изјави дека станува збор за училиштен автобус, додека префектот на регионот наведе дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус.

Француската телевизија БФМ ТВ објави фотографија од сино-бел автобус навален кон ендек покрај патот, додека околу него стоела група луѓе.

Телевизијата јави за двајца загинати, но портпарол на цивилната заштита изјави дека не може да потврди смртни случаи. Ниту префектурата не можела да потврди дека има загинати, изјавиле оттаму за „Ројтерс“.

Министерот за транспорт Филип Табаро соопшти дека е на пат кон местото на несреќата.

Според дополнителните информации на францускиот весник „Л’Ест Републикан“, несреќата се случила во близина на местото Лан, јужно од Бург ан Брес. Градоначалникот Ив Кристен изјавил за АФП дека автобусот излетал од патот и удрил во дрво во ендек, при што две лица доживеале срцев застој, а повеќе други биле повредени.

Слични вести