Официјални резултати од изборите во Србија: Студентската листа освои 140 мандати, a партијата на Вучиќ – 103

by irena 08:48
08:48

Републичката изборна комисија (РИК) во Србија синоќа ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во земјата.

Студентската листа освои 53,015 отсто од гласовите, додека Српската напредна партија (СНС), чија листа ја предводеше Александар Вучиќ, освои 38,98 отсто, или разлика од 623.094 гласови.

Студентската листа освои 140 мандати, а СНС 103, додека сите опозициски партии и коалиции останаа надвор од парламентот.

Листата на Расим Љајиќ освои еден мандат, Алијансата на војводинските Унгарци освои два мандати, Албанската коалиција два мандати, „СДА – Чувари на Санџак“ еден мандат и „Усаме Зукорлиќ – Движење за обединување“ – еден мандат.

Со официјалното објавување на резултатите од изборите и распределбата на мандатите, започнуваат роковите за формирање на владата.

Конститутивната седница на парламентот мора да се одржи во рок од 30 дена.

Со потврдувањето на пратеничките мандати и конституирањето на Собранието, започнува ново одбројување, кое им остава на пратениците законски рок од 90 дена за избор на влада.

Паралелно со формирањето на парламентот и владата, тече и рокот за избор на претседател на Републиката, па граѓаните на Србија повторно ќе излезат на гласачки места до крајот на годината.

По оставката на Вучиќ на 27 септември, предвремените претседателски избори мора да бидат распишани и одржани во рок од три месеци од завршувањето на мандатот, а најдоцна до 28 декември.

Слични вести