1
Наместо заштита од дождот, патниците во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочуваат со дополнителни непријатности. Во еден од автобусите прокапува вода од покривот.
Покрај долгото чекање на автобуските постојки, нередовните линии и недостигот од возила, граѓаните се соочуваат и со вакви проблеми, кои го доведуваат во прашање квалитетот на услугата за која плаќаат.