Делови од општините Гази Баба и Илинден денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции и активности на електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН.
Во општина Гази Баба, во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат жителите на улиците „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“. Прекинот е поради чистење и проверка на расклопната опрема, како и долевање масло во кабловските глави и трансформаторот.
Во општина Илинден, од 08:40 до 10:40 часот, без електрична енергија ќе биде селото Мралино поради интервенција на 10-киловолтен далновод.
Дополнително, во периодот од 12:00 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има и на дел од улицата „Благоја Стефковски“ и на улицата „Анри Барбис“ во Гази Баба, поради активности во трафостаницата „Маџари 8“.