Официјално – светот има нов најдобар тенисер!

by irena 09:08
09:08

Александар Зверев го оствари сонот што со години изгледаше недостижен.

На 2 ноември 2026 година, германскиот тенисер стана број еден во светот и со тоа се приклучи на елитното друштво на тенисери кои низ историјата стигнале до самиот врв на АТП-листата.

Откако во август 1973 година беше воведена АТП-ранг листата, само 29 тенисери успеаја да стигнат до првото место.

Меѓу нив се Бјорн Борг, Џими Конорс, Џон Мекинро, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Сега и Зверев е дел од тоа друштво. Неговиот пат до врвот беше сè, само не едноставен.

Како син на поранешните тенисери Александар и Ирина Зверева, и помлад брат на поранешниот 25-ти тенисер во светот, Миша Зверев, тој уште од детството беше опкружен со тенис.

Сега, повеќе од една деценија откако најави голем потенцијал во дуелите против Надал и Федерер, Зверев го оствари она за што сонуваше.

Со две освоени Грен слем титули, два трофеја од Завршниот мастерс и седум титули од турнирите од серијата Мастерс 1000, Александар Зверев стана 29-тиот член на ова ексклузивно АТП-друштво.

Од голем талент до тенисер број еден во светот – Саша Зверев конечно стигна до врвот!

Слични вести