Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повредено 16-годишно момче

by valentina 12:36
12:36

Осумнаесетгодишен скопјанец бил приведен поради учество во масовната тепачка што се случила пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“, а 16-годишно момче е повредено.

-На 31.10.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.М.(18) од Скопје, поради учество во тепачка пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на кошаркарскиот натпревар помеѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.

Според пријавеното, М.М., како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачка, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Слични вести