Мерцедес“ излетал од автопатот кај Трубарево и завршил во двор на куќа, двајца тешко повредени

by irena 11:54
11:54

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот „Пријателство“, во близина на скопското село Трубарево, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 31 октомври во 01:10 часот. Патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот Н.М. од селото Батинци, изгубило контрола и излетало од коловозот, по што завршило во дворно место на семејна куќа.

Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот и неговиот 39-годишен сопатник Д.Г. од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести