1
МВР информира дека вчера претпладне во 10:45 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишија од слобода К.Т.(60), постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 30-годишен син по кратка расправија во семејниот дом.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.