Македонија гласаше против резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која се бара укинување на американското ембарго кон Куба.
Резолуцијата беше усвоена со 130 гласа „за“, 17 „против“ и 25 воздржани.
Генералното собрание го осуди ембаргото, но поддршката годинава значително се намали. Лани за резолуцијата гласаа 165 држави, седум беа против, а 12 воздржани. Гласањето следуваше по засилена дипломатска кампања на Вашингтон за повеќе земји да се спротивстават на документот или да се воздржат.
Според „Асошиејтед прес“, покрај Македонија, против гласаа и Босна и Херцеговина, Колумбија, Костарика, Еквадор, Литванија, Мароко, Парагвај и Словенија.
Германија, Италија и Летонија беа меѓу воздржаните земји.
Резолуцијата не е правно обврзувачка и не го принудува Вашингтон да ја промени политиката на санкции, но претставува показател за меѓународниот однос кон ембаргото.