Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега тој и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мораат да ја „завршат работата“ во однос на Иран – било преку постигнување договор или на некој друг начин – додека траат преговорите меѓу САД и Техеран, објави денеска израелскиот „Канал 12“.
Од оваа телевизија наведуваат дека Трамп смета оти Нетанјаху не му должи ништо за поддршката што му ја пружил, а која, наводно, придонела за подобар изборен резултат.
Сепак, советниците на Трамп велат дека тој би можел да се повика на таа поддршка подоцна, доколку побара нешто од Нетанјаху.
Израелската Централна изборна комисија денеска соопшти дека, по пребројувањето на 88,6 отсто од гласовите на парламентарните избори, коалицијата предводена од партијата „Ликуд“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освоила 53 пратенички места во Кнесетот, додека преостанатите 67 им припаднале на опозициските партии.
Меѓу пратеничките места што ѝ припаѓаат на опозицијата, 19 се на арапските партии.
Пребројувањето на гласовите на војниците, дипломатите, затворениците и другите посебни категории гласачи ќе започне во еден часот по полноќ, а се очекува да заврши до четврток навечер.
За мнозинство во Кнесетот се потребни 61 пратеничко место.