„ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“, АМА НА СОН
Доколку студентите успејат и од „војната“ да излезат како победници, тогаш ништо повеќе нема да им застане на патот. Да се надеваме дека мајата ќе се рашири и надвор од границите, па и нашиот народ да се свести дека не е повеќе овца за стрижење. Не и дека уште нешто остана да се истриже, но сепак историјата покажува дека никогаш не е доцна за револуција, особено народна!
СТРАНСКИ ФОНД ВО ОКУПАЦИЈА НА СКОПСКИ СТАНОВИ
Кој стои зад меѓународниот фонд што тргна во поход по 1.000 станбени единици во Скопје? Компании на Јенс Киндберг, кој досега вложил над 20 милиони евра за купување станови во Македонија, добиле забелешки од дански регулатор поради погрешни пресметки и манипулативен маркетинг во Бугарија!
ПРИВАТНИ ФИРМИ ГО ЧУВААТ ДРЖАВНИОТ ИМОТ
Од државните институции и болниците до железничката инфраструктура и енергетските објекти, јавните установи плаќаат приватни агенции за обезбедување. Една фирма добива договори од низа институции, а ревизорите утврдиле елементи на фаворизирање.
СКАНДАЛИ ВО М-НАВ
Според документите со кои располагаме, менаџерите на Македонска навигација се наградени со бонуси од по неколку илјади евра. На одржаната седница на Надзорниот одбор на 5 октомври 2026 година е донесена одлука за доделување бонуси на членовите на Управниот одбор, Ристески, Кораќ и Зимбери.
КРАЈОТ НА ЕРАТА НА ВУЧИЌ
Победата на студентското движење во Србија го отвора прашањето дали балканските политички елити влегуваат во период во кој долгогодишното владеење, контролата врз институциите и персонализираната власт повеќе не гарантираат изборна победа.
БЕНЕФИТИ ОД ПОРАЗ, РИЗИЦИ ОД ТРИУМФ
Ако твоите потчинети се убедени дека си семоќен, ќе фатат да аздисуваат, сметајќи дека каква и забегана лудост да направат, има кој да ги одбрани од сѐ, оти имаш безгранична сила. Такви потчинети ќе те вовлечат во големи проблеми, па ако видат дека ти не си баш семоќен, нема да забегуваат.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
По заминувањето на Карингтон, тој 17 декември 1991 година, почна една трескавична трка со времето. До 15 јануари, рокот што го постави ЕЗ Арбитражната комисија требаше да каже која од републиките заслужува меѓународно признавање.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Разузнавачката и контраразузнавачката дејност се две страни на иста монета, иако нивната есенција се преплетува и функционираат во симбиоза! Основната разлика меѓу нив е во примарната цел, насока на дејствување и локација на изведување на активностите.
Ана ПАНОВСКА
Нашите завршени студенти, сета своја младешка енергија и сето свое знаење ги пакуваат во ранец и одат таму каде што гледаат дека некој ги цени, макар што, тој некој здраво го искористува нивниот потенцијал, но и тоа е за нив подобро отколку она што го доживуваат дома – небитни, незабележливи.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Продажбата на честа има цена! Таа цена зависи од случај до случај и од тоа дали за неа се решава во основните обвинителства и судови или, пак, на повисоко ниво. Нормално, како што се оди повисоко, така за „клиентите“ јамката околу вратот оди подлабоко!
Александар СИМОНОВ
Бесмислено да стоиш пред затворена врата, која соседите дополнително ја коваат од идентитетски, историски и ревизионистички шајки, додека од другата страна има отклучена врата што може да понуди перспектива доколку одлучиш само да тропнеш.