Фицо: Целиот свет, а конечно и Европа сфатија – неопходен е дијалог со Путин

by irena 18:53
18:53

Европа конечно сфати дека дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин е неопходен за да се стави крај на конфликтот во Украина, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Финскиот претседател Александар Стуб и норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе во вторникот иницираа телефонски разговор со Путин.

„Алелуја, целиот свет, а конечно и Европа, сфатија дека ако сакаме да го завршиме конфликтот во Украина, мораме да разговараме со рускиот претседател. Ние зборуваме за ова уште од почетокот на војната“, рече тој во видео-обраќање на социјалните мрежи.

Фицо истакна дека сè повеќе европски политичари почнуваат да ја нагласуваат неопходноста од дијалог со Москва.

Слични вести