Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на политичката партија „Вреди“ – Биљал Касами, денес одговори на новинарско прашање дали нивниот политички субјект ќе им препорача на членовите и симпатизерите да гласаат за одреден кандидат за градоначалник на Брвеница.
„Јас реков, политички ние како ВЛЕН дадовме наш став дека ќе го поддржиме кандидатот на ДУИ. Но, колку нашите гласачи ќе гласаат за тој кандидат зависи од однесувањето на ДУИ. Јас објаснив, дека однесувањето на ДУИ не е пропорционално на тоа што покажуваат. Ако тие сакаат да покажат дека тие ќе одат во вториот круг, да покажат дека ќе победеле дали ВЛЕН дали ВМРО, не знам дали тоа ќе го прифаќаат граѓаните. Тие треба да одат со програма и со кандидат за сите граѓани на Брвеница, а ако изгубат не може да биде тоа кривица на ВЛЕН“, рече Биљал Касами.
Тој дополни дека победата или загубата на изборите во недела е одговорност на партиите кои ги имаат кандидатите и за кого ќе гласаат гласачите на Брвеница во вториот круг.