Кривична за директорот на Комуналното од Делчево – ја злоупотреби положбата за слободни денови на вработена

by irena 15:24
15:24

Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба.

Како што информираат од МВР, поднесена е кривична пријава против С.С. од Делчево, директор на Јавно комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување‘‘.

Според полицијата, пријавениот, ја злоупотреби службената положба и овластување на начин што во текот на јуни и јули 2025 година, без согласност од раководител, одобри вработена да искористи 15 работни денови од остварени вишок работни часови, а кои всушност ги немала изработено.

Слични вести