Новинари на српски „Радар“ се соочуваат со смртни закани кон нивните деца

by vlatko 23:11
23:11

Српското независно здружение на новинарите бара итна истрага за заканите упатени кон двајца новинари на „Радар“, Вук Цвијиќ и Милан Радоњиќ, по објавувањето на напис за комуникациите преку апликацијата „Скај“, кои потврдуваат директна поврзаност меѓу владини претставници во Србија и криминалци.

Иако Цвијиќ и кон крајот на 2025 година добиваше закани по телефон, ништо не беше толку застрашувачко како заканите што тој и неговиот колега Радоњиќ ги добија веднаш по објавувањето на напис во „Радар“, во кој се потврдуваат врските меѓу властите и криминалците, врз основа на комуникација преку енкриптираната платформа „Скај“ (Sky).

-Се заканија дека ќе ни ги убијат децата… навистина одвратни закани. И јас и Милан очекувавме закани, за жал, но не претпоставувавме дека ќе бидат толку одвратни – изјави новинарот Цвијиќ за Н1.

Слични вести