1
Денеска времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје се очекува слично време, со променлива облачност и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник, пак, се очекува стабилизирање на временските услови, со мала облачност во текот на денот.
Ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник долж Повардарието повремено ќе биде засилен.