Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, постигна договор за продолжување на својот договор до Светското првенство во 2030 година.
🚨🇦🇷 BREAKING: Lionel Scaloni has agreed to sign new deal as Argentina head coach until World Cup 2030.
The proposal sent in September has been accepted, details being sorted then time to sign.
Scaloni said yes, as @CLMerlo reports. 🩵🤍 https://t.co/uVePo4xG0i
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 22, 2026
Скалони ја предводеше Аргентина до титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, ставајќи крај на 36-годишниот пост без најважниот трофеј во светскиот фудбал.
Аргентинскиот стручњак, исто така, стигна до финалето на Светското првенство во 2026 година со националниот тим, каде што беше поразен од Шпанија.
Неговата иднина беше неизвесна во последните недели, при што се шпекулираше дека би можел да земе пауза поради големиот притисок и очекувањата. Дополнителни дилеми предизвика и повлекувањето на Лионел Меси од националниот тим.
Откако ја презеде селекторската функција во 2018 година, Скалони со Аргентина ги освои Копа Америка во 2021 и 2024 година, „Финалисима“ во 2022 година, како и Светското првенство истата година.
На 105 натпревари на клупата на Аргентина, тој оствари 81 победа, 14 нерешени резултати и 10 порази.