На бегалката Михаилова ќе и се суди во отсуство, судскиот процес продолжува и без неа

by valentina 10:33
10:33

По бегството на Ива Михаилова во Бугарија, судењето за сообраќајната несреќа, во која таа е обвинета, ќе предолжи и без неа, бидејќи е донесена одлука да и се суди во отсуство.

-По предлог на Основното јавно обвинителство Кочани донесено е Решение на И.М., обвинета за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи. Следното судско рочиште е закажано за 09.11.2026 година во 9 часот, информираат од Обвинителство.

Михаилова избега од државата на 11 октомври 2026 година и замина во Софија, Бугарија.

Таа има и бугарско државјанство, а во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици. По нејзиното бегство од земјава, по неа е распишана централна и меѓународна потерница, а кочанскиот суд и одреди мерка притвор во траење од 30 дена. За неа беа изречени мерки на претпазливост а и беа одземени патните документи.

Слични вести