3
Осум нови случаи на ХИВ/СИДА се регистрирани во Македонија во текот на септември, сите кај лица од машки пол. Во истиот период се пријавени и двајца починати пациенти, кои претходно биле евидентирани како случаи на ХИВ во 2015 и 2018 година, информира Институтот за јавно здравје.
Четворица од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години, додека останатите се во возрасните групи од 15 до 19, 20 до 29, 40 до 49 и 50 до 59 години.
Според податоците на ИЈЗ, заклучно со 30 септември 2026 година, во земјава годинава се пријавени вкупно 49 случаи на ХИВ/СИДА.
Од 1987 до 2026 година, кумулативно се регистрирани 778 лица со ХИВ/СИДА. Од нив, 144 починале, 520 живеат со ХИВ/СИДА, а 114 се водат како изгубени за следење поради иселување.