„Голф“ и мопед се судрија во скопско Маџари, настрада 49 годишник од радовишко

by irena 14:24
14:24

МВР информира дека вчера утрината во 07:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Благоја Стефковски“ и ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(51) од Скопје и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од С.М.(49) од с. Јаргулица, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести