1
Апелациониот суд го осуди поранешниот генерален секретар на Владата – Мухамед Зеќири на 1 година и 7 месеци затвор, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик во Македонија.
Тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со договори за консултантски услуги за анализа на ситуации и евентуална приватизација на „Македонска пошта“ и на „Македонски железници“, без постапка за јавна набавка.
Одлуката доаѓа по долг процес во кој имаше бројни одложувања, поништени пресуди и повторно судење. Зеќири има право да поднесе жалба до Врховниот суд во рок од 8 дена.
Зеќири во меѓувреме ја одлежа првично пресудената казна, заедно со притворот и куќниот притвор.