Пензионер возач во сообраќајка во Гостивар тешко повредил 21-годишно момче

by jadranka 19:33
19:33

Дваесет и едногодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил додека се движел како пешак на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила на 18 октомври околу 20:10 часот.

Во пешакот удрило патничко возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 69-годишен жител на селото Неготино, гостиварско.

По ударот, повредениот бил итно пренесен во Ургентниот центар во Гостивар, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, а надлежните продолжуваат со утврдување на околностите под кои се случила сообраќајката.

Слични вести