Володимир Зеленски изјави дека Украина повторно не доби разузнавачки информации од своите западни партнери за лансирањето ракети, пренесува „РИА Новости“.
„Партнерите повторно не нè предупредија“, напиша тој на својот „Телеграм“, додавајќи дека во нападите се оштетени инфраструктурни објекти и енергетскиот систем.
Шефот на режимот во Киев претходно истакна дека западните партнери не ѝ доставиле на Украина разузнавачки информации на 13 октомври.
Следниот ден, претставникот на украинските воздухопловни сили, Јуриј Игнат, изјави дека во текот на ноќта меѓу 13 и 14 октомври, Украина не доби никакви разузнавачки информации за првиот бран ракетни напади, но потоа тие повторно почнале да пристигнуваат.
Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ѝ ги ускрати на Украина разузнавачките податоци од САД.