На паркинг на бензинска фатен е крадец кој ограби спортска обложувалница во гостиварско

by irena 13:51
13:51

МВР информира дека рано утринава во 04:35 часот на паркинг простор кај бензинска пумпа покрај патот Тетово – Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода М.Б.(36) од с. Неготино, гостиварско.

Тој се сомничи дека вчера попладне околу 19:15 часот во спортска обложувалница во с. Неготино со закана кон вработениот одзел пари од касата.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести