1
МВР информира дека синоќа во 20:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на бул. „Браќа Гиноски“ во Гостивар, патничко возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(69) од с. Неготино, гостиварско, удрило во пешакот А.З.(21) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 21-годишниот пешак, констатирани во Ургентен центар Гостивар.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.