2
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.
Од полноќ поевтинуваат бензините за 2,5 денари, а дизелот се зголемува за 2 денари.
За два денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, а поскап од полноќ ќе биде и мазутот.
Тоа значи дека новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 96 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 98 ден/лит.
Новата цена на дизелот ќе биде 99 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 110,50 ден/лит.
Скока и цената на мазутот за 1,837 ден/кг, во однос на претходно утврдената и тој сега ќе се продава по цена од 53,579 ден/кг.