2
Полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишниот малолетник од штипско, кој управувал мотоцикл на едно тркало и го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, активностите биле преземени по видео објавено на социјалните мрежи на 15 октомври 2026 година.
Малолетникот бил пронајден вчера во Штип, а службениот разговор бил извршен во присуство на негов родител.
При преземените мерки било утврдено дека 16-годишникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување.
За случајот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.