1
Малолетник бил физички нападнат од група други малолетници во скопската населба Влае, при што бил употребен и тврд предмет.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“, случајот бил пријавен на 18 октомври 2026 година, во 15:30 часот, во СВР Скопје, од страна на 39-годишна жена.
Според пријавата, нападот се случил околу 00:30 часот на подрачјето на Влае, кога група малолетници физички го нападнале нејзиниот син. Дел од напаѓачите му биле познати на момчето.
Засега нема информации за евентуални повреди кај малолетникот, ниту за околностите што довеле до нападот.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.