Супертанкер удрил во поморска мина во Ормуската теснина, што предизвикало експлозија и пожар на бродот, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на иранската Исламска револуционерна гарда.
Според извештаите, танкерот превезувал повеќе од 2 милиони барели сурова нафта. Од ИРГЦ тврдат дека бродот се обидел да помине низ теснината без дозвола, со помош на американската војска и користејќи маневри за измама
Американската централна команда и британската организација за поморски трговски операции досега не дадоа коментар за инцидентот што се случил во текот на ноќта.
Ормускта теснина стана главна точка на тензии меѓу Техеран и Вашингтон за време на конфликтот со Иран. Овој пловен пат е од клучно значење за глобалната трговија со нафта и течен природен гас.
Откако започна конфликтот кон крајот на февруари, Иран во голема мера го блокираше поморскиот сообраќај низ теснината преку закани и напади врз бродови. Техеран, исто така, постави и мини во делови од пловниот пат.
Во меѓувреме, САД воведоа блокада на иранските пристаништа и крајбрежни области, со цел да ја лишат земјата од приходите од извозот на нафта.