Цената на гасот во Европа достигна највисоко ниво во речиси четири години

by irena 21:41
21:41

Цените на природниот гас во Европа достигнаа највисоко ниво во речиси четири години, покажува анализата на „Еуроњуз“ базирана на податоците од Индексот на цени на енергијата во домаќинствата – HEPI.

Податоците покажуваат големи разлики во цените на струјата и гасот меѓу европските главни градови. На почетокот на септември 2026 година, електричната енергија била најскапа во Брисел – 41,3 евроценти за киловат-час, додека просекот во главните градови на ЕУ изнесувал 27,2 евроценти.

По Брисел следуваат Берлин со 39,6 евроценти, Даблин со 38,7, Берн со 38,6 и Лондон со 38,3 евроценти за киловат-час. Меѓу најевтините биле Киев со 8,4 евроценти, Будимпешта со 10,3, Подгорица со 11,3 и Белград со 11,6 евроценти.

Кај природниот гас разликите се уште поголеми. Највисока цена е регистрирана во Стокхолм – 34,8 евроценти за киловат-час, додека во Амстердам изнесувала 21,2 евроценти. Просекот за главните градови на ЕУ бил 11,9 евроценти.

Од поголемите европски економии, најскап гас плаќале домаќинствата во Париз – 15,7 евроценти, и во Рим – 15,2 евроценти за киловат-час.

Кога цените се споредуваат со куповната моќ на населението, сликата се менува. Според овој критериум, струјата е најскапа во Букурешт, а најевтина во Осло.

Експертите предупредуваат дека пониските залихи на гас можат дополнително да ја зголемат чувствителноста на европскиот енергетски пазар доколку следуваат подолги периоди на студено време.

Слични вести