Некогашниот министер за внатрешни работи – Павле Трајанов е уверен дека зад бегството на Ива Михаилова од Кочанли стои Бугарија како држава. И, дека тоа е добро организирано и спроведено со намера да се реализира успешно.
„Последните информации зборуваат дека зад целиот овој случај стојат бугарските служби. Бугарија е директно вмешана и во подготовките и во нелегалното преминување на границата. Тоа е повеќе од јасно. Начинот на кој што беше пречекана Михаилова, со огромен број на медиуми и изјавите на тамошјиот државен врв, покажуваат дека целиот овој случај е добро организиран, подготвен и е во насока на провокација, повторна провокација од Бугарија кон Република Македонија“ вели Трајанов во видео-интервјуто за „Фокус“, и дополнува дека тоа ќе го покажат и дополнителните истраги што сега се водат.
Според него, тоа што министерот за внатрешни работи работи децидно побарал да се расчисти случајот е доволен показател дека нема договор меѓу владите на Македонија и Бугарија за нелегален транспорт на Михаилова. Службите за безбедност кај нас треба да дадат одговор точно како се се одвивало. Уверува дека може да се најде трага, ако ништо друго по користењето на мобилниот телефон, по која ќе се лоцира каква била траекторијата на движењето на Михаилова и дали таа преминала на официјален или на див премин.
Подготвиле:
З.Фиданоски – Т.Георгиев – О.Костов